Quizoom

Колку познавање имате од основите на првата помош?

Дали ќе се осмелите да пристапите и да помогнете на човек во незгода, чиј што живот зависи од вашата спремност и знаење во областа на прва помош. Колку добро ги оценувате своите способности за пружање на прва помош? Проверете го своето знаење.

Започнете
Quizoom

1. Што треба прво да направите, доколку се најдете на местото на сообраќајна незгода?

Ги барам можните повредени и го осигурувам местото на сообраќајната незгода
Го осигурувам местото на сообраќајната незгода, ги барам можните повредени и го повикувам единствениот број за итни случаи 112, или пак брза помош на 194 и полиција на 192
Го повикувам бројот за итни случаи 112, или пак брза помош на 194 и полиција на 192 и чекам да дојдат спасувачите.
Quizoom

2. Што е целта на првата помош при сообраќајна незгода?

Што побрзо да се ослободи сообраќајот и да се провери материјалната штета
Да се утврди детална дијагноза на повредата, или болеста
Да се сочува живот, спречи влошување на состојбата, да се обезбеди стручна помош
Quizoom

3. На кој начин правилно се користи автоматски дефибрилатор?

Се проверува контактибилноста на личноста, се ослободуваат дишните патишта, се вклучува дефибрилаторот и се следат гласовните упатства
Повикуваме 112 или 194 за брза помош и телефонски нé упатуваат како да го користиме дефибрилаторот
Се повикува 112 или 194 за брза помош и се чека стручна помош.
Quizoom

4. Како постапуваме кога ќе видиме дека човекот нема свест?

Проверувам дали личноста е контактибилна и дише нормално (кркорење не е нормално дишење). Доколку по ослободување на дишните патишта личноста дише нормално, ја поставувам во бочна положба, односно во положба во која што се поставуваат личности без свест, по потреба ја покривам со ќебе и повикувам итна медицинска помош на 112 или 194
Ги проверувам пулсот и дишењето на повредениот и повикувам итна медицинска помош на 112 или 194
Се обидувам да го разбудам повредениот со тресење и со викање.
Quizoom

5. Како го запираме крварењето, доколку при рака немаме стерилен завој?

Веднаш го притискам делот од телото што крвари за да го запрам крварењето
Крварањето го запирам така што користам чисто парче ткаенина, или парче облека. Преку парчето силно притискам непосредно над местото што крвари, или на достапните места над местото на крварење (препоните за нога, паздуви за рака).
Повикувам 112 и чекам стучна помош
Quizoom

6. Како го згрижуваме повредениот, кој во екстремитет има дрвено надворешно тело?

Го извлекувам надворешното тело и ја превивам раната со стерилна газа
Го оставам надворешното тело во раната, а раната стерилно ја згрижувам, го локализирам надворешното тело и барам стручна помош
Надворешното тело веднаш го извлекувам, го запирам крварењето и барам стручна помош
Quizoom

7. Што правиме во случај кога се сомневаме на дислокација, т.е. исчашување на зглоб?

Повредата, т.е. исчашувањето се обидувам да го исправам
Повредениот зглоб го имобилилизирам и барам стручна помош
Повредениот зглоб го повивам и чекам некој ден, да видам што се случува со повредата
Quizoom

8. Која е првата мерка, што треба да се преземе при труење од отровни течности и материи?

Превоз на отруениот до најблиската болница
Пиење на голема количина на вода
Чекам телото само да го исфрли отровот
Quizoom

9. Како го запираме крварењето од нос?

Ја затворам ноздрата на 10 минути со тоалетна хартија
Ги притискам ноздрите 10 до 20 минути, главата ја навалувам нанапред и на вратот положувам ладна облога
Ги притискам ноздрите 10 до 20 минути, главата ја навалувам наназад и на врат положувам ладна облога
Quizoom

Дали сакате уште?

Со оставање на вашата е-адреса ќе имате пристап до нови интересни тестови, со кои што ќе го проверувате вашето знаење, а воедно ќе го надополнувате со совети.

Loading…