Пред поплава, доколку е возможно, наполнете ја батеријата од мобилниот телефон, потоа исклучете ја електричната енергија, соберете ги драгоцените предмети, лекарствата, облека, поголема залиха на храна и вода и преместете се на повисок спрат.
Поплавна вода, со само неколку сантиметри длабочина, може да биде исклучително опасна. Затоа, најпрво погрижете се за својата безбедност, а потоа спасете ги милениците.
Водата од поплавите е загадена со канализациска вода, опасни материи и отпадоци, затоа без исклучок храната се фрла.
Во очекување на поплава, во никој случај не ги оставајте домашните миленичиња врзани. Ако се врзани нема да можат да се спасат.